Турција, живот

Турска претприемачка дизајнира специјална перница за бебиња

Озоваџи креираше софтвер наречен „Еликсир војс“ (Elixir Voice), кој вклучува комбинација на бел шум и на звукот во матката и го вметна софтверскиот уред во перница дизајнирана и произведена за бебиња

Fevzi Kemal Karagöz  | 11.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Турска претприемачка дизајнира специјална перница за бебиња

ГАЗИАНТЕП (АА) - Жена претприемач од југоисточната турска област Газиантеп дизајнира перниче за бебиња во кое ги интегрира белиот шум и звукот во матката, јавува Агенција Анадолија (АА).

Первин Озоваџи сака да го претстави својот производ, наречен „Гласот на мирот“, на светот со поддршка на Регионалниот центар за индустриски дизајн и хибридно моделирање во Газиантеп (ГЕТХАМ).

Озоваџи ја започна својата кариера по 40-тата година од животот, свое студио за дизајн формира во 2001 година.

Изминатата година таа спроведе истражувања за да им овозможи помирен сон на бебињата.

Во рамките на своите истражувања, Озоваџи создаде софтвер наречен „Еликсир војс“ (Elixir Voice), кој вклучува комбинација на бел шум и на звукот во матката и го вметна софтверскиот уред во перница дизајнирана и произведена за бебиња.

Со својот проект „Гласот на мирот“, таа аплицира за Програмата за забрзување на стартапи (SAP), што се спроведе во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ) и ГЕТХАМ.

Проектот на Озоваџи беше прифатен како најдобар проект во Програмата САП, во која за финансиска поддршка аплицираа вкупно 180 проекти.

Озоваџи, којашто перниците што ги произведе ги стави на продажба во Турција, се обиде да ја привлече побарувачката за нејзиниот производ и од странство.

„Нашата цел е да го претставиме нашиот производ на светот. Исто така, направивме обиди за воспоставување конекции во Велика Британија и САД. Верувам дека ќе создадеме добар бренд од Газиантеп“, изјави таа за АА.

„Бебињата со кои го тестиравме овој уред спиеја многу мирно. Видовме дека проблемот со спиењето на бебињата е решен во голема мера. Нашата следна цел е да се отвориме кон светот“, рече таа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.