Турција

Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак

Терористите се неутрализирани во рамките на антитерористичката операција „Канџа-Гром“

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 11.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Турските сили денес неутрализираа двајца терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, соопшти Министерството за одбрана на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Наведено е дека терористите се неутрализирани во рамките на антитерористичката операција „Канџа-Гром“.

Турција на 23 април во регионите Метина и Авашин Басјан, во северниот дел на Ирак, ги започна антитерористичките операции „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“.

Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северниот дел на Ирак, од каде планираат напади врз Турција.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın