Abidin Mutlu Bozdağ
11 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ е прв во Европа со реализирани 686 лета во текот на вчерашниот ден, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според извештајот за фреквенцијата на летови на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL), Аеродромот „Истанбул“, вчера (четврток) го зазеде првото место меѓу европските аеродроми со 686 лета.
По Аеродромот „Истанбул“ следува аеродромот во Франкфурт со 640 лета и во Амстердам со 623 лета.
Парискиот Аеродром „Шарл де Гол“ го зазеде четвртото место со 616 лета, Аеродромот „Барахас“ во Мадрид е на петтото место со 562 лета, а истанбулскиот Аеродром „Сабиха Ѓокчен“ е шести со 503 лета.
Според извештајот, вчерашниот ден, со 16.777 лета, е забележан како најфреквентен четврток од 3 септември 2020 година.