Muhammed Emin Canik
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 25 април ќе го прими генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во Анкара, главниот град на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција, каде што на 25 април во Анкара ќе биде примен од претседателот Реџеп Таип Ердоган“, соопшти Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН.
Од Канцеларијата во петокот објавија дека Гутереш ќе ја посети Москва на 26 и Киев на 28 април.