Associated Press
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
ТОКИО (АА) - Јапонската крајбрежна стража потврди дека ги пронашла безживотните тела на 10 лица што се наоѓале на бродот што потона во саботата, додавајќи дека во тек се активности за пронаоѓање на 16 лица кои се водат за исчезнати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во северниот дел од Јапонија исчезна брод за туристички излети на кој се наоѓале најмалку 26 лица.
Станува збор за пловилото „Казу I“, кое исчезна северно од островот Хокаидо. На пловилото се наоѓале најмалку 26 лица, меѓу кои имало и две деца и двајца членови на екипажот.
Полицијата соопшти дека бродот испловил од пристаништето на редовна тричасовна пловидба за туристите.
Екипажот упатил повик за помош, а потоа е изгубен секој контакт со нив.
Метеоролошкиот завод на Јапонија соопшти дека во тој период имало лоши временски услови и дека имало бранови со висина од 3 метри.
Јапонската крајбрежна стража започна акција за пребарување и спасување во која учествуваат неколку патролни пловила. Јапонските воздухопловни сили за потребите на спасувачката операција испратија авион.