Zehra Ulucak
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ЈАНГУН (АА) - Со пронаоѓањето на петте тела, бројот на удавени лица во несреќата, која се случи во текот на викендот откако брод потона во реката Чиндвин, во Мјанмар, порасна на 40 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродот потонал поради преоптовареност, бидејќи бродот превезувал двојно повеќе патници отколку што е предвидено, најголем дел ученици и професори кои се враќале од верска церемонија.
Делот од бродот тежок околу 40 тони е извлечен со помош на кран, се трага по уште 80 исчезнати лица. Полицискиот службеник Хтеин Лин за АА изјави дека се спасени 154 лица, додека четири лица од екипажот се приведени по несреќата.
„Екипажот призна дека бродот истовремено превезувал и тежок товар”, изјави Лин.