Gülşen Çağatay
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Четвртиот турски брод за дупчење денес пристигна на својата дестинација, пристаништето Ташуџу во Мерсин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бродот го започна своето патување од пристаништето Окпо во Јужна Кореја на 7 март, а ќе остане на пристаништето во Мерсин околу два месеци како подготовка за неговата прва вежба за дупчење во источниот дел на Средоземното Море.
Новиот брод е седма генерација брод за дупчење на големи длабочини и е едно ниво подобар од другите три брода, „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“ во флотата на Турција.
Дополнувањето на флотата е дел од националната политика за унапредување на технологијата и употребата на локална опрема за енергетските проекти.

- Капацитет на дупчење до длабочина од 12.200 метри
Бродот со висина на кулата од 104 метри, ќе биде четвртиот брод кој ќе се приклучи на флотата на Турција која ја сочинуваат и бродовите „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“.
Бродот со должина од 238 метри и 42 метри широчина, опремен е со напредна технологија од седмата генерација и екипаж со 200 лица се очекува да ја одржи првата задача за дупчење во Источниот Медитеран.
Бродот има активен систем за позиционирање и капацитет за дупчење на длабочина од 12.200 метри. Бродот во моментот го носи името „Кобалт експлорер“, но ќе биде преименуван.