ДОХА (АА) - ИХСАН ЕЛ-ФАКИХ - Покрај земјите кои спроведуваат блокада, Катар продолжува постепено да чекори кон патот на „Национална визија 2030“ која ја претстави во 2008 година, пишува Anadolu Agency (AA).
Кризата на Заливот избувна откако на 5 јуни владите на Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар, кој краток период доживеа застој во реализирањето на визијата за 2030 година, со години прави позитивни чекори кон патот за остварување на овој проект.
Катар со визијата за 2030 година има за цел да создаде економска разновидност, стабилна средина, континуитет во инвестициите, и економски развој, како и да го зголеми буџетот користејќи ги природните и човечките ресурси.
Целта на Катар кој во овие рамки ќе биде домаќин на Светското фидбалско првентсво ФИФА 2020 година, е привлекување на повеќе инвестиции, зголемување на конкурентноста, како и поттикнување на растот.
Со текот на годините Катар помина низ различни фази на овој пат. Иако се соочува со одредени пречки, Катар чекор по чекор се обидува да ја оствари својата цел.
Во овој аспект, приоритетите а оваа влада се национализација на индстријата, поддршка за индустријата, обезбедување самоодржливост на локалната ликвидност, зголемување на извозот на домашните производи во светот.
- Економска разновидност
Државата Катар чија економија е базирана на нафта и гас, увиде дека е потребно да се даде важност и на други различни сектори со цел да се создаде економска разновидност, при што подготви економски план во оваа област.
Според податоците на „Катарската комора“, сојуз на организациите кои рабтат на ова поле, во 2000 година бројот на фабрики регистрирани во Министерството за енергетика и индустрија на оваа земја изнесувала 334 фабрики, додека бројката на фабриките кон крајот на 2016 година се искачила на 707 фабрики. Исто така, обемот на инвестиции во оваа област во 2016 година се искачи на 260 милјарди катарски ријали (околу 70 милијарди долари), додека бројот на вработените се зголеми за 88 илјади лица.
Бројот на фабриките кои започнале со производство во индустриските зони, достигна до 260 илјади заклучно со јули 2017 година. Постојат 79 проекти за нареден период, додека 279 проекти се на чекање.
Со цел да се спречат негативните ефекти на блокадата поставена на Катар во јуни од страна на четири арапски земји, оваа земја се обиде да го зголеми бројот на националните сертификати за извоз со над 60 земји.
На почетокот на кризата, блокадата малку ја погоди економијата. Нивоата на извоз паднаа во јуни. Но, економските сектори покренаа акција со што ова опаѓање дојде на природниот тек.
- Приходи без нафтата
Претседателот на Катарската Комора, Еш-Шејх Халифе бин Касим Мухамед Ал Сани во изјава за АА истакна дека администрацијата на Доха не сака да се базира само на нафта и гас како главен извор на приходи, и во овие рамки, како што рече тој, основата на визијата за 2030 година е создавање економска разновидност.
Шејх Халифе истакна дека работите во оваа насока не се започнати поради блокадата на четирите арапски земји.
„Катар го започна овој план во 2008 година со цел национализација на индустријата, давање поддршка на инвеститорите и на малите и средните компании за да се задоволат потребите на домашниот пазар“ рече тој.
Истакнувајќи дека Катар овозможува големи олесувања за инвеститорите, Шејх Халифе вели дека се организираат саеми каде се поттикнуваат националните производи.
Тој рече дека Катарската Банка за развој игра значајна улога во развојот на индустрискиот сектор, како и дава финансиска поддршка за малите и средните компании кои сочинуваат 80 отсто од приватниот сектор.
Шејх Халифе нагласи дека портфолиото на Банката за проектите достигнува до 7,5 милиони ријали (2 милијарди долари). Тој додаде дека вкупните финансии користени за малите и средните претпријатија со поддршка и на локалните банки, достигнале до 8 милијарди ријали (2,2 милијарди долари).
- Извозот после блокадата
Претседателот на Катарската Комора информираше дека во Катар постојат 250 мали и средни претпријатија кои имаат значајна улога на пазарот, и се опремени со модерна индустрија.
Тој истакна дека пред поставената блокада Катар направила чекори за поддршка на странската инвестиција на пазарот. Како што нагласи тој, економската состојба се поправила по блокадата.
„Обемот на извозот на нафтата и на надворешната трговија во приватниот сектор во јули 2017 година достигна до 1,3 милијарди ријали. Овие бројки се исти со бројките пред блокадата во април. Извозот не беше толку погоден од кризата. Извозот во август достигна до 1,8 милијарди долари. Оваа бројка минатата година беше 1,5 милијарди ријали. Овој извоз во септември минатата година беше 1,1 миларди, додека истиот месец оваа годината достигна до 1,6 милиајрди ријали“ нагласи тој.
Катар дава поддршка на инвестициите со различни постапки како олеснувања во законодавство, царина и даноците, објасни Шејх Халифе. Тој додаде дека Катар стана привлечна за инвестиции во светот благодарение на правилна политика.
Истакнувајќи дека сите овие олеснувања го привлекувале вниманието на инвеститорите, Шејх Халифе истакна дека исто така ги поттикнувааат инвестициите не земајќи ги во предвид негативните медиумски кампањи кои се обидуваат да го дискредитираат имиџот на земјата.