Nilay Kar
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Турција ќе продолжи да му дава помош на Катар и планира да испрати уште еден брод со хуманитарна помош од 11.000 тони, изјави вчера турскиот министер за економија, Нихат Зејбекџи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во моментот во Катар е испратен брод со хуманитарна помош од 4 тони, а исто така ќе испратиме уште еден брод со 11.000 тони“, изјави министерот за економија за време на синоќешниот ифтар во Истанбул.
„Тие (Катар) особено бараа од нас млечни производи, јајца, така што им испративме 90 авиони со помош и ги покривме сите нивни потреби“, изјави тој.
На 5. јуни, пет арапски земји (Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен) ги прекинаа своите дипломатски односи со Катар, обвинувајќи ја Доха за поддржување на тероризмот без никаков доказ за нивните тврдења.
Мавританија го следеше нивниот пример кратко потоа, а Јордан ги прекина своите дипломатски односи со Доха и ја затвори локалната канцеларија на катарскиот сателитски канал за вести „Al Jezeera“ (Ал-Џезира).
Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин исто така го затворија својот воздушен простор за катарските авиони и на катарските дипломати им дадоа рок од 48 часа да ги напуштат нивните земји.
Ријад исто така ја затвори својата копнена граница со Катар, географски изолирајќи го малиот заливски полуостров.
Други земји коишто неодамна ги прекинаа своите дипломатски односи со Катар се Малдивите и Коморските Острови, заедно со либиската Влада со седиште во Тобрук.
Катар ги негира сите обвиненија за поддржување на тероризмот, опишувајќи го ваквиот чекор како неоправдан.