Ercan Özçetin
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Полјакот Кристијан Бергер на коњ замина на аџилак во Ерусалим, а по седум месеци стигна во турскиот град Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
За да го посети Ерусалим, 32-годишниот Бергер пред седум месеци дома ја остави бремената сопруга, ги зеде основните работи, облека, и со два бели коња тргна на далечен пат.
Од Полска, преку Словачка, а потоа преку Унгарија, Бугарија и Грција, Бергер вчера стигна во турскиот град Чанаккале, каде што за да се одмори коњот, два дена е на гости кај жителот Угур Аккилич, кој е трогнат од приказната на Бергер.
„Кога тргнав, сопругата беше во петтиот месец од бременоста, а веста за раѓањето на нашата ќерка ја примив додека одев низ Бугарија. Имам и тригодишен син. Среќен сум што на светиот пат добив толку убави вести. Одлучен сум да стигнам на аџилак во Ерусалим. Ќе се обидам да одам низ Сирија, но ако не ме пуштат преку границата, ќе одам преку Иран. Малку е подалеку, но тоа е што е“, изјави Бергер.