Adem Demir
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
MEKA (АА) - Повеќе од два милиона аџии ги завршија основните ритуали на поклонението на светите места во Мека, со што ја извршија петтата исламска должност, аџилак, пренесува Anadolu Agency (АА).
Откако ги извршија своите молитви и обреди во ридот Арафат, Муздалифа и во Мина, верниците минатата ноќ го извршија и последниот обред на аџилакот, симболичното каменување на ѓаволот со седум камчиња.
Со соблекувањето на ихрамот, белата аџиска наметка, 2,5 милиони муслимани станаа аџии.