Ekipa
14 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
РИЈАД (АА) - Терористичката организација ФЕТО го користи периодот на аџилакот за нарушување на сликата за Турција, како и за промовирање неосновани лаги, истакна турски дипломат, јaвува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана вчера, Фикрет Озер, турскиот генерален конзул во Џеда, Саудиска Арабија, ја обвини ФЕТО – предводена од Фетула Ѓулен – за промовирање лаги за Турција, меѓу аџиите.
„Заговарачите на државниот удар бесрамно шират лаги и невистини меѓу аџиите што се пристигнати за овогодишниот аџилак“, рече Озер на прес-конференцијата организирана од страна на прес-аташето на конзулатот, на која присуствуваше и турскиот заменик-министер за животна средина, Мехмет Џејлан.
На 15 јули, мал дел од турската војска изврши обид за соборување на демократски избраната влада на земјата. Се верува дека тие биле оркестрирани од страна на Ѓулен и неговите приврзаници, а во неуспешниот пуч загинаа најмалку 240 маченици во таа ситуација.
Ѓулен исто така се товари за водење долгорочна кампања за инфилтрирање во турските државни институции – особено во војската, полицијата и во судството – со крајна цел создавање на паралелна држава.
Говорејќи на прес-конференцијата, Џејлан истакна дека неуспешниот обид за државен удар во јули го покажа единството на турскиот народ пред заканата за демократските вредности на земјата.
Тој ја искажа својата благодарност до Саудиска Арабија за осудата на обидот за државен удар.
Џелалетин Гувенч, парламентарец од турската владејачка АК Партија, на прес-конференцијата, од своја страна истакна: „Минавме низ многу тешка фаза и фала му на Бога, ги победивме (пучистите)“.
Тој додаде: „Мораме да ги извлечеме соодветните лекции од ова искуство“.