Michael Hernandez
13 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама упати „најтопли желби за муслиманите низ целиот свет“, кои од вчера почнаа да го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во изјавата истакна дека „одбележувањето на празникот е начин на кој верата може да ги надмине разликите или границите и да нè обедини под знамето на единството и љубовта“.
Тој истакна дека оваа година празникот е потсетник и на милионите бегалци на целата планета „кои го минуваат овој свет празник одделени од своите семејства, несигурни за својата иднина, но и понатаму со надеж за подобро утре“.
„Како нација, остануваме посветени на тоа дека странците се добредојдени, со сочувство и со отворено срце – бегалците што бегаат од војната во земјата, па сè до мигрантите што ги напуштаат своите домови во потрага по подобар живот. Духот на сплотеноста на заедницата и великодушното сочувство нека донесат добри вести за оние што го слават Курбан Бајрам. Од нашето семејство до вашето – Честит Бајрам“, порача американскиот претседател.