İnci Gündağ
15 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј на муслиманите им го честиташе празникот Рамазан Бајрам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меј по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам преку официјалниот профил на Твитер објави кратка видео порака во која рече дека британските муслимани пружаат голем и значителен придонес во земјата во којашто живеат.
Нагласи дека Рамазан Бајрам, како што истакна е време на голема прослава и радост.
„Британските муслимани даваат позитивен придонес на секој дел од оваа земја и во секој сегмент од животот. Играат улога во која оваа земја стана успешна, со која сите сигурно можеме да се гордееме", рече британската премиерка.
Изрази благодарност на британските муслимани поради нивниот придонес во севкупниот развој и напредок на земјата.
„Нека ви е среќен Рамазан Бајрам", истакна британската премиерка Меј во нејзината честитка.
Околу три милиони муслимани во Велика Британија сочинуваат околу 4,8 отсто од вкупната популација на оваа земја.