Јилдирим: Бајрамите се убави денови кога завршува тагувањето
Посакувајќи им на сите среќен Бајрам, Јилдирим рече: „Се наоѓаме на првиот ден на Рамазанскиот Бајрам. На целиот мој народ му посакувам среќен Бајрам. Особено на овој Бајрам, го молам Бога за братството, единството и нашата солидарност да бидат трајни“.Etem Geylan,Sefa Mutlu
05 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
IstanbulИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим честитајќи го големиот муслимански празник Рамазан Бајрам изјави: „Оваа борба ќе продолжи. Ова е борба за иднината, независноста и опстанокот на Турција. Нека нашиот народ да биде во мир“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер Јилдирим по бајрамската молитва во џамијата Ејуп Султан во Истанбул даде изјава за медиумите.
Посакувајќи им на сите среќен Бајрам, Јилдирим рече: „Се наоѓаме на првиот ден на Рамазанскиот Бајрам. На целиот мој народ му посакувам среќен Бајрам. Особено на овој Бајрам, го молам Бога за братството, единството и нашата солидарност да бидат трајни“.
Тој истакна дека Бајрамите се убави денови кога тагувањето завршува, а прегратките и братство ја достигнуваат највисоката точка. Тој потоа се осврна на проблемот со тероризмот.
„На нашите граници, во секој агол на нашата земја, и дење и ноќе чуварите на оваа земја, нашите службеници, нашите војници, нашите безбедносни сили, нашите заштитници го даваат животот за нашиот мир, за мирот на нашиот народ. На овој свет ден го молам Бога за милост над жртвите и среќа и долг живот за нашите ветерани. Оваа борба ќе продолжи. Ова е борба за иднината, независноста и опстанокот на Турција. Нека нашиот народ да биде во мир. Тероризмот нема ниту религија, ниту националност, ниту света книга. Денес во Истанбул, утре во Лондон, а вчера вечер во светите земји во Медина тероризмот ја предизвика смртта на невини луѓе. Така да тероризмот не е проблем само за Турција, туку за целото човештвото и целиот светот. Заради оваа причина, сите заедно треба да се бориме против тероризмот. Уште еднаш, од длабочината на срцето на мојот народ му посакувам среќен Рамазански Бајрам. Го молам Бога за многу други Бајрами со здравје и единство“, рече Јилдирим.
Премиерот Јилдирим беше придружуван од неговата сопруга Семиха Јилдирим.