Adem Şalvarcıoğlu
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
АНКАРА (АA) - Населението во Индија последните недели се соочува со најголемиот недостаток на вода во историјата на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на организацијата „NITI Aayog“ се наведува дека околу 600 милиони луѓе се соочуваат со проблемот на недостиг на вода.
Во опсежното истражување спроведено во 24 од 29 индиски покраини, се наведува дека проблемот со недостиг на вода во оваа земја ќе биде уште поалармантен во наредните години.
Од организацијата „NITI Aayog“ предупредуваат дека до 2020 година водните ресурси ќе бидат исцрпени во 21 град во Индија.
Во истражувањето се напоменува дека таков развој на настаните најмногу би можел да го подоги земјоделскиот сектор во кој се користат околу 80 отсто од водните ресурси.