Said İbicioğlu
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
МАГРИБ (АА) - Вооружените сили во Јемен го ослободија меѓународниот аеродром во Худејда од бунтовниците на шиитското движење Хуси, јавува Anadolu Agency (AA).
Јеменската армија соопшти дека акцијата во Худејда била спроведена со поддршка на колициските и силите на отпорот.
Во тек се акциите за чистење на подрачјето од мини и експлозивни направи. Хусите сè уште не се огласиле за овој настан.