Bekim Laci
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ ТИРАНА (АА) - Постот за месецот Рамазан за муслиманите заврши, а денес е извршена молитвата по повод големиот празник Рамазан Бајрам, кој се слави после месецот на постот. Веднаш по молитвата муслиманите овој празник го прославуваат во кругот на семејството и своите најблиски и пријателите, посетувајќи се меѓусебно, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Исламската заедница на Македонија, во присуство на нејзиниот лидер, Реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, и голем број на муслимани, во Мустафа пашината џамија во Скопје се одржа централниот настан за Рамазан Бајрам, при што се читаа делови од светата книга за муслиманите, Куранот, духовни песни (илахи) на различни јазици на етничките заедници кои живеат во Република Македонија.
Рамазанската молитва беше предводена од муфтијата на Тетово, Ќани Несими, а пригодното предавање, во име на реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, го одржа ученикот на средното исламско училиште (медреса) Иса Бег во Скопје, Ajдан Јахја кој меѓу другото рече рече дека верниците го следеа месец Рамазан со внимание бидејќи истиот за муслиманите значи премин од темнината во светлина, месец во која почна објавувањето на светата книга Куранот.
„ Денес книгата на светлината сјае како никогаш досега, сепак, милиони наши браќа го поминаa Рамазан во целосна загуба. Ова се случува во моментот кога се изгуби љубовта кон еден за друг, кога се изгуби чувството за солидарност и кога исчезнува соживотот ", рече меѓу другото Јахја.
Во Големата џамија во Приштина, денеска се одржа централната манифестација за празникот Рамазан Бајрам,каде присуствуваа голем број на верници, каде молитвата ја предводеше главниот имам на Исламската верска заедница на Косово, Сабри Бајгора.
Пригодното предавање за Рамазан Бајрам го одржа муфтијата на Косово, Наим Трнава, кој на верниците им обрати упатувајќи честитка за овој празник и истакна дека одбележувањето на Бајрамот мотивира на правење добри дела.
„Последните случаи во Истанбул и во Ирак, но, исто така, во светата Медина минатата ноќ, во близина на гробот на пратеникот Мухамед се најсвежи докази кои покажуваат како може да се види она што можат да прават криминалците, каде што многу невини луѓе страдале ", рече Трнава.
Тој, меѓу другото, потенцираше дека исламот е против секој вид терор и дека тероризмот нема место во исламот и рече дека многу невини луѓе од целиот свет се жртви на криминалци и ги повика сите да придонесат за мир и толеранција.
И во главниот град на Албанија, Тирана, денес е извршена молитвата по повод Рамазан Бајрам.
Верниците за молитвата ги предводеше имамот на Мека, Шеик Салих бин Талиб кој одржа кратко предавање на присутните верници, при што неговата главна порака беше да се сочува мирот и заедништвото. Тој во својот говор истакна дека исламската религија е религија на мирот, а не на насилството и тероризмот.