Ivana Ramadanova
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Меѓусебното почитување, љубовта и пријателството, се водилка и вистинска вредност на овој голем празник. На сите верници им посакувам мир, среќа, единство и сплотеност", стои во честитката од Јолевски.
Република Македонија, се подвлекува во честитката од министерот Јолевски, е општество кое ги почитува традициите на соживот и толеранција, општество кое на највисок степен ги издигнува моралните и хуманите вредности, а Армијата е пример за тоа како припадниците на повеќе националности и религии заеднички ги бранат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина.