????? ??????????
02 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за одбрана Зоран Јолевски заедно со одбранбените аташеа акредитирани во Македонија засадија дрва во кругот на Воено медицинскиот центар, јавува Anadolu Agency (AA).
Ресорниот министер истакна дека му е чест и задоволство што денеска дал свој придонес со засадување на дрвце во Воениот медицински центар.
“Горд сум што мојот пријател од детство Борис Трајанаов ја започна оваа активност заедно со Весна Ивановска. Ние засадивме дрвца заедно уште пред 40 години во дворот на училиштето Орце Николов. Кога сум слободен одам да ги посетам овие дрвца како живеат. Овие дрвца кои ги садиме се за нашите деца, за иднината на Македонија. И затоа е многу важно што оваа активност продолжува”, изјави Јолевски.
„Засади успех“ е мотото на овогодинешната 16-та по ред акција „Ден на дрвото“.
Денеска на повеќе од 100 локации ќе се засадат три милиона дрвца на 930 хектари земјиште.