Stipe Majic
21 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
ЗАГРЕБ (АА) - Голем број верници од исламска вероисповед се собраа на Курбан бајрам во двете најголеми џамии во Република Хрватска, во Загреб и во Риека, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот на загрепскиот муфтија, Мевлуд еф. Арслани, одржа бајрамска хутба во Исламскиот центар во Риека од која Хрватската радиотелевизија (ХРТ) имаше телевизиски пренос во живо.
Откако беше прочитана бајрамската порака на загрепскиот муфтија Азиз еф. Хасановиќ, кој беше отсутен поради заминувањето на аџилак, бајрамската хутба во Загрепската џамија беше предводена од главниот имам на џамијата во Загреб, хафиз Азиз еф. Алил.

Алили во хутбата, со обврските пропишани во исламот за овој празник, посебно предупреди на воените судири во Јемен, каде што, како што рече, веќе 1.200 денови се води една од најбруталните војни.
„Тоа го потврдуваат и податоците кои говорат за експлоатирање на над 10 милиони луѓе, убивање деца и жени, а над три милиони жители ја напуштија таа земја“, рече Алили.
Тој укажа и на потребата од сочувство со трагедијата на муслиманите од Сирија, Палестина, Ирак, Авганистан и Мјанмар, но особено во Јемен и повика на муслиманско единство и заедништво.
На верниците, традиционално, пред Загрепската џамија, Курбан бајрам им го честиташе и градоначалникот на Градот Загреб, Милан Бандиќ.