Bedrudin Brlyavac
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на церемонијата на одбележување на 100-годишнината од институционалното признание на исламот во Хрватска одржано во среда во Хрватскиот народен театар во Загреб, изрази задоволство што муслиманите во Хрватска слободно ја практицираат верата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Запознавањето н Хрватска со исламот не се случило пред 100 години, туку многу порано. Затоа се надевам дека муслиманите и понатаму на овие простори со векови ќе живеат во мир и слога. Гледам дека и денес муслиманите во Хрватска слободно ја практицираат својата вера. Нема сомнеж дека истото тоа се однесува и на другиет вери и култури. Верувам дека кон тоа допринесе и силната соработка на Владата на Хрватска и Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска", рече Ердоган.
Истакна дека сите луѓе во своите земји ја пренесуваат идејата на глобалната соработка и заедништво.
„Ние 2005 година покренавме Сојуз на цивилизации заедно со Шпанија, како платформа за соработка. Важное сите ние во своите земји да ја носиме идејата за глобална соработка и заедништво, посебно во овие тешки времиња. Ако ја заговарате идејата на соживотот и дијалогот, оние кои се обидуваат да свртат едни против други со сигурност ќе останат во темнина", истакна Ердоган.
Истакна дека Хрватска е сигурно земја која покажа добар пример за меѓуверски соживот и соработка.
„Хрватска во однос на тоа прашање денес пружи важен пример за соживотот. Верувам дека исламот во Хрватска со векови ќе продолжи да живее во спокој и сигурност", рече турскиот претседател.
Свечената академија по повод 100 години од институционален ислам во Хрватска се одржува во организација на Исламската заедница во Хрватска, а под покровителство на претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, Хрватското собрание и Владата на Република Хрватска.
Исламската заедница во Хрватска денес одбележува 100 години откако тогашниот Сабор донесе закон за официјално признание на исламот со што оваа религија ја изедначи со другите религии во Хрватска.