Muhammed Macid, Hani eş-Şair ,Gülşen Topçu
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
ГАЗА (АА) - Египетската управа го отвори граничниот премин Рафа во една насока, за да можат да се вратат во Палестина палестинските муслимани кои го завршиле аџилакот во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Хишам Адван, службеникот надлежен за палестинската страна на преминот, изјави дека преминот во една насока е отворен за 750 аџии и ќе биде отворен три дена.
Египет го затвори преминот Рафа по воениот удар на 3 јули 2013 година, кога од власт беше соборен првиот демократски избран претседател на таа земја, Мухамед Морси.
Привремениот премин ќе биде отворен во пократи временски интервли.