Aydoğan Kalabalık
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
КАИРО (АА) - Дел од трговците со луѓе што вчера беа спасени од екипата на египетската крајбрежна стража, приведени се во полициската станица во Бухеира, во северниот дел на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, вчера во северниот дел на Египет, во попладневните часови потона брод со 600 мигранти.
Според засега неофицијални информации, се удавиле 43 лица.
Египетските медиуми вчера наведоа дека се спасени 150 лица, а во попладневните часови беа извлечени 30 тела.
Бродот запловил од брегот на Кефр еш Шејх.