Sultan Çoğalan
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Амбасадата на Саудиска Арабија во Анкара ги демантираше тврдењата дека Саудиска Арабија им забранила на иранските државјани да дојдат во земјата за извршување на умра и аџилак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Саудиска Арабија ја прифаќа како верска одговорност, која произлегува од исламот, со оглед на фактот што светите места Мека и Медина се наоѓаат во рамки на границите на нашата земја, без разлика на политичкото убедување на кандидатите кои сакаат да извршат аџилак во светите места, да им ја олесни процедурата и им овозможи безбедност и комфор“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека властите на Саудиска Арабија не попречиле ниту еден кандидат во обавувањето на верската должност и извршувањето на умра и аџилак, ниту тоа некогаш ќе го сторат.
Во продолжение се додава дека Саудиска Арабија не му забранува на ниту еден муслиман да ја посети светата земја и да ја изврши светата должност, сè додека тоа не излегува од рамките на правилата и инструкциите поврзани со организацијата на аџилакот.
Во соопштението се навдува дека саудиската влада и народот го изразуваат своето добредојде на сите хаџии, оние кои извршуваат умра и на сите посетители од различни делови на светот, од различна националност и деноминација.
Во соопштението на министерството за аџилак и умра на Кралството на Саудиска Арабија кое е објавено на 19-ти мај се наведува дека Саудиска Арабија никогаш не му забранила на ниту еден ирански државјанин влез во државата поради извршување на умра и аџилак, додавајќи дека забраната ја донела иранската влада.
Да потсетиме, министерството за умра и аџилак секоја година ги повикува официјалните лица од 78 арапски и исламски земји, вклучувајќи го и Иран, одговорни за умра и аџилак, на разговори за подготовка на оваа верска церемонија. Делегација од Иран на овој состанок имаше неколку барања, како што е рамномерната поделба на транспортот на аџиите помеѓу иранскиот и саудискито воздушен оператор, што претставува кршење на меѓународната практика, како и тоа Протоколот да содржи параграфи кои им дозволува организирање на некои шиитски обреди.