Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија во наредните три години ќе спроведе проекти во областа на образованието, здравството и прехраната со цел да помогне во надминувањето на хуманитарната криза на Блискиот Исток, изјави во разговорот за АА, поранешниот премиер на таа земја, Јасуо Факуда.
Поранешниот јапонски премиер Факуда, кој престојува во Истанбул во рамките на првиот Светски хуманитарен самит, изјави дека неговата земја е спремна да стори сè што е во нејзина моќ да помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.
„Владата на Јапонија одлучи да донира шест милиони долари хуманитарна помош во наредните три години. Јапонија е спремна да стори сè што е во нејзина можност за време на хуманитарната криза. Подготвени сме да пужиме финансиска помош и помош на сириските бегалци со проекти во областа на образованието, здравството и прехраната”, изјави Факуда кој беше на чело на јапонската влада од 2007 до 2008 година.
Во време кога миграциите се масовни, кога луѓето ширум светот се соочуваат со интензивни хуманитарни кризи, во Турција, земјата која според наодите на официјалните лица на ОН прими над три милиони бегалци, денес почна првиот Светски хуманитарен самит.
На Самитот во Истанбул лидерите на над 60 земји ќе бараат одговори на итни прашања, а во склоп на Самитот ќе бидат организирани 15 специјални седници, 17 тркалезни маси и околу 130 пропратни активности.