Kemal Zorlak
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
МЕКА (АА) - Стотина илјади идни аџии кои стигнаа во Саудиска Арабија поради муслиманскиот годишен аџилак, ја извршуваат дневната молитва покрај Ќаба, јавува Anadolu Agency (AA).
Фоторепортерот на АА направи фотографии на стотина илјади верници и идни аџии за време на една од дневните молитви во Мезџидул-харемот, покрај Ќаба, која претставува центар на исламскиот свет во чиј правец се насочуваат сите муслимани при извршувањето на молитвата.

За време на аџилакот, кој претставува еден од петте темели на исламот, во Саудиска Арабија претстојуваат околу два милиона верници од сите делови на светот.
Фоторепортер на АА исто така ги забележа и завршните работи на прекривката на Ќаба, која ќе биде заменета на Денот на Арефат, поточно ден пред Курбан Бајрам.

Прекривката на Ќаба е долга 47 метри, со вкупна површина од 657 квадратни метри. На изработката на новата прекривка работат околу 250 луѓе, а за нејзината изработка се користат 120 килограми злато и сребро, како и 670 килограми чиста свила.