Hakan Mehmet Şahin
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Во Турција е приведена 10-члена криминална група под обвинение дека преку реката Марица внела наркотички средства од Грција во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, Одделот за борба против трговијата со наркотични средства на полицијата од Едрене, по спроведената истрага и техничкото следење спровела операција во близина на селото Рахманџа-Акчадаг, кое се наоѓа во околината на градот Мерич.
Во операцијата е запленета дрога со вкупна тежина од 72 килограми и 919 грама, поделена на 52 пакета распоредени во 4 вреќи. Дрогата којашто потекнува од Албанија, по илегални патишта, преку реката Марица била префрлена во Турција.
Во операцијата се приведени 10 лица.
Откако дадоа изјави, осомничените се изнесени пред суд, кој им изрече притвор под обвинение за „Меѓународна трговија со наркотички средства“.