Handan Kazancı
31 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 20 лица се уапсени утринава во Истанбул, под сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачките информации, турската полиција утринава изврши претрес на четири локации во Истанбул и уапси најмалку 20 лица осомничени дека се поврзани со лидерите на ДЕАШ во Сирија и во Ирак.
Меѓу уапсените 15 се странски државјани.
Полициската акција е покрената врз основа на разузнавачките инофрмации дека група терористи планирале да извршат терористички напад за време на новогодишната ноќ во Истанбул.
Терористичката организација ДЕАШ во изминатите неколку години изведе неколку терористички напади во Турција, во кои животот го изгубија најмалку 300 луѓе.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против ДЕАШ, како и против други терористички организации како што се ПКК и ФЕТО.