Sena Güler
31 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера истакна дека ќе ја посети Франција следниов петок, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го соопшти тоа за време на обраќањето на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот (АK PArti) во северната турска област Синоп.
За време на посетата ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји.
Турскиот претседател, својата последна посета на Франција ја имаше во 2015 година.