Şerife Çetin
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - НАТО испрати порака со поддршка за операцијата „Маслинова гранка“ што Турските вооружени сили ја започнаа во подрачјето на Африн, Сирија, против терористичката организација ПЈД/ПКК која ова подрачје го држи под окупација. „Секоја држава има сопствено право да се заштити”, се вели во пораката, јавува Anadolu Agency (AA).
Изјава по ова прашање за АА даде претставник на НАТО, кој истакна дека Турција се наоѓа во многу нестабилен регион и има претрпено многу сериозна штета од тероризмот. „Секоја држава има сопствено право да се заштити. Важно е тоа да се направи пропорционално и умерено”.
Претставникот на НАТО потсети дека НАТО е дел од меѓународната коалиција против ДЕАШ, но не е присутна на теренот во Сирија. Во врска со операцијата што ја започна Турција, тој го нагласи сојузништвото меѓу Турција и НАТО.
Претставникот на НАТО наведе дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е во блиски контакти со турското раководство, потсетувајќи дека во вторникот Столтенберг имал телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.