Seyit Ahmet Aytaç
21 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК користи снимки на ‘деца борци’ од своите редови и води кампања против турските вооружени сили, кои вчера ја започнаа операцијата ‘Маслинова гранка’ со цел неутрализација на терористите во сириското погранично подрачје Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор за АА рече дека терористите користат свои медиумски ограноци за да ја прошират сопствената терористичка кампања и да го зајакнат моралот меѓу терористите во Африн.
На една од снимките користени во таа пропаганда се гледаат две вооружени малолетнички и една возрасна терористка. На снимката јасно се гледа дека малолетничките се преплашени и вознемирени.

Порано, голем број меѓународни организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации, Амнести интернешнл (Amnesty International ) и Хјуман рајтс обсерватори (Human Rights Observatory) ја предупредуваа и осудуваа терористичката група ПЈД/ПКК поради присилното водење на малолетници на боиштата.
Турските сили вчера во Африн ја започнаа операцијата ‘Маслинова гранка’ со цел воспоставување безбеност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата окупирана од терористите и спасување на братскиот народ на тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на турското право засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без судири им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Тој стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат од 8 до 10 илјади терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија. ПКК од средината на 1980-те години води терористичка кампања против Турција и досега во тие терористички напади животот го загубија околу 40 000 лица.