Selen Temizer,Halit Süleyman,Levent Tok
17 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - И покрај тоа што администрацијата на САД повторно даде збор дека терористичката организација ПЈД/ПКК ќе премине на западниот брег од реката Еуфрат и ќе го напушти градот Мунбич, оваа терористичка организација на линијата Мунбич-Баб зазеде уште 8 села, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на САД на 7 и 27 септември информираше дека елементите на терористичката организација ПЈД/ПКК го напуштиле градот Мунбич, кој е дел од областа Алепо во Сирија.
Турската разузнавачка служба даде извештај во кој се наведува дека терористичката организација сѐ уште опстојува во градот Мунбич.
Брет Мекгурк, специјален претставник на претседателот на САД, Барак Обама, во борбата против ДЕАШ, вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Со цел да се обучи локалното население, оваа терористичка организација се наоѓа во Мунбич и откако ќе ја заврши својата задача, ќе го напушти градот“. На тој начин, тој го потврди постоењето на ПЈД/ПКК во подрачјето.
Како последно, портпаролот на силите на коалицијата против ДЕАШ, Американецот Џон Доријан вчера даде изјава различна од онаа на Мекгурк: „Во Мунбич нема елементи на ЈПГ (крило на ПЈД/ПКК)“ и „Не верувам дека во Мунбич останале елементи на ЈПГ. Како што разбрав, тие денеска се повлекуваат“.
Администрацијата на САД во последните 24 часа изјави дека ПЈД/ПКК не е веќе присутна во Мунбич. Според последните показатели, тоа не е точно, бидејќи организацијата ја проширува контролата во околината на градот.
Вчера, за време на изјавите на американската администрација, ПЈД/ПКК од Мунбич премина во акција, и на правецот кон Баб ги зазеде селата Шеик Насир, Саб Верен, Канли Кују, Богаз, Кендирили, Ел Ишлие, Канкави и Бершаја од рацете на ДЕАШ.

На тој начин, организацијата којашто планира да ги соедини подрачјата на Африн и Мунбич, западно од Еуфрат, се приближи на 9,8 километри од градот Баб, кој го гледаат како мост меѓу двете подрачја.
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, Умерената сириска опозиција (УСО), со поддршка на турските вооружени сили, вчера го освои селото Кабасин, северозападно од градот Баб. ДЕАШ успеа селото повторно да го врати под своја контрола. Додека УСО се подготвува повторно да го заземе селото, ПЈД/ПКК се приближи на 1,3 километри од самото место.
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, ослободени се околу 1.720 квадратни километри простор од рацете на терористите. Силите на УСО ги штитат своите позиции на 2 километри од центарот на Баб.