Sarp Özer
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во продолжението на офанзивата „Штитот на Еуфрат” вчера во северниот дел од Сирија извршени се напади на 162 упоришта на терористите на ДЕАШ и врз12 упоришта на терористичката група ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа, на 68 ден од офанзивата, продолжени се нападите врз терористичките упоришта, а во тие напади, сириските опозициски сили и турските воздушни сили, кои пружаат поддршка во нападите, не се забележани никакви загуби.
Нападите во изминатите 24 часа се успешно извршени на вкупно 162 упоришта на ДЕАШ и врз 12 упоришта на терористите на ПКК/ПЈД. Нападите беа изведени претежно во подрачјата на Раи и Маре. Досега сириската опозиција на северниот дел од земјата, од терористите ослободи подрачје од 1.330 километри квадратни, во кое се наоѓаат речиси 160 населени места.
Турската операција „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август со цел зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканите од страна на терористичките организации, особено од ДЕАШ.
Операцијата е во согласност со правото на земјата за самоодбрана, кое произлегува од меѓународните договори и од мандатот даден на турските вооружени сили од турскиот Парламент во 2014 година, кој беше продолжен за уште една година во септември 2015.