Burak Akay
30 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во турската област Чанаккале, на северозападниот дел од земјата, за десет месеци се фатени околи 21.000 мигранти, кои на илегален начин се обиделе да преминат од Турција во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Фатените мигранти се со потекло од Сирија, Авганистан, Пакистан, Еритреја, Ирак, Иран и Мароко.
Најмногу мигранти, 14.739 се со потекло од Сирија, потоа следува Мјанмар со 4.257 и Пакистан со 594 мигранти. Оваа година е забележан помал број на мигранти од Ирак и Иран.
Кога станува збор за криумчарењето мигранти, од 272 лица, 37 се задржани во притвор, а запленети се 180 возила и 6.828 елеци за спасување.
Илјадници мигранти кои од различни причини, меѓу кои војни и лоши економски услови, доаѓаат во Турција од каде што заминуваат кон Европа. Токму западните и северозападните делови на Турција се едни од неизбежните патишта на мигрантите на патот кон надежта.
Растојанието од Ајваџик, во турската област Чанаккале, до грчкиот остров Лезбос изнесува околу пет милји поради што многумина миранти ја користат токму оваа рута, како прв чекор на патот кон Европа.
Екипите на крајбрежната стража, но и припадниците на турските вооружени сили, редовно патролираат со цел да ги спречат илегалните миграции. Патролирањата се чести за време на лошите временски услови, бидејќи тогаш е поголема животната опасност за мигрантите кои пловат во морето.
Жандармериските екипи 24 часа дневно патролираат низ критичните подрачја за да им се оневозможи на мигрантите на илегален начин да тргнат на патот кој однесе илјадници животи.