Mohamad Misto,Levent Tok
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија се позиционира на локациите северно од Алепо, кои ДЕАШ ги напушта под притисок на акциите што се водат во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестите што ги објави на 28 октомври, Anadolu Agency информираше дека постои можност терористичката организација ДЕАШ да побара соработка со ПЈД/ПКК, на која може да ѝ препушти некои територии од градот Баб во подрачјето на Алепо, коишто ДЕАШ планира да ги напушти поради продлабочувањето на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Од извори на умерената опозиција којашто учествува во операцијата „Штитот на Еуфрат“, се дознава дека во текот на викендот, ДЕАШ на ПЈД/ПКК им го препуштиле претходно споменатото подрачје.
%2F20161031_2_19869813_15573220.jpg)
Терористичката организација ПЈД/ПКК без никаква борба од рацете на ДЕАШ ги презема селата Кафир Карис, Тел Сусин и Марет Муслимије, северозападно од Баб, појасот околу селото Фафин и кампот за пешадиска обука.
Терористичката организација ПЈД/ПКК без никаква борба од рацете на ДЕАШ ги презема селата Кафир Карис, Тел Сусин и Марет Муслимије, северозападно од Баб, појасот околу селото Фафин и кампот за пешадиска обука.
На тој начин, ПЈД/ПКК уште малку ќе се приближи до Баб, кој е под контрола на ДЕАШ.
Оваа организацијата е принудена да го заземе Баб со цел да направи географска поврзаност меѓу градовите Афин и Мунбич, кои се наоѓаат западно од реката Еуфрат.
Од друга страна, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турските вооружени сили (ТВС) и Умерената сириска опозиција (УСО) започнаа да го стеснуваат просторот на ПЈД/ПКК во пределот на Африн-Тел Рифат, на нивниот излез кон Баб-Мунбич. Учесниците во операцијата се приближија на 12 километри од Баб.
Вниманието го привлекуваат информациите од безбедносните извори кои велат дека целта на договорот со ДЕАШ е на ПЈД/ПКК да му се овозможи поголем простор за манипулација на линијата од фронтот во однос на ТВС и УСО, пред тој да биде стеснет во подрачјето на Африн-Тел Рифат.
Изворите информираат дека ПЈД/ПКК има потреба да се приближи до Баб и затоа подготвени се на поголем број судири со учесниците во операцијата „Штитот на Еуфрат“. Се очекува двете терористички организации да ја продлабочат својата соработка за заеднички да ја одржуваат линијата на фронтот.
Со поддршка од американските војници, ПЈД/ПКК го заземаа подрачјето долж турско-сириската граница, источно од реката Еуфрат. Терористичката организација има за цел да воспостави контрола врз областа од крајниот североисток од Сирија до градот Рејханли и да одземе голем дел од територијата на двете земји.