Levent Tok,Mohamad Misto
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
АЛЕПО/ХАСЕКЕ (АА) – На северот од Сирија, ПЈД/ПКК се обидува 5-те подрачја кои се под нејзина контрола да ги прикаже како места со мнозинско курдско население, меѓутоа тоа е случај само со Африн во кој речиси целосно живее курдско население, јавува Anadolu Agency (AA).
ПЈД, кој претставува огранок на ПКК во Сирија, со почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година имаше влијание врз центарот на покраината Хасеке на североистокот од земјата и во подрачјето на Камишли, но немаше своја потполна контрола врз оваа област. Организацијата кон средината на 2015 година во имаше заеднички операции со режимот на Асад, воспостави контрола врз поголем дел од покраината во кој претходно го контролираше ДАЕШ.
Според локални информации до кои дојде АА за структурата на локалното население, во центарот на покраината Хасеке бројката на курдско и арапско население е приближно иста, додека на северот доминира курдско население. Во западниот и јужниот дел живее само арапско население.
ПЈД/ПКК генерално, го контролираше подрачјето околу Африн, северозападно од Алепо. Сепак, организацијата во првите месеци од 2016 година, со воздушна поддршка од страна на Русија, успеа да излезе надвор од подрачјето и пристигна до линијата Азаз-Џарабулус, кое го контролираа Арапите, при што пристигна на југот до Маре.
Додека организацијата беше малку раширена во Кобани, кој се наоѓа наспроти Шанлиурфа, во подрачјето на Тел Абјад и на западниот брег од Еуфрат, таа воопшто и не постоеше.
Со појавата на ДАЕШ за време на граѓанската војна во 2014 година во Сирија, се создаде историска шанса за ПЈД/ПКК.
Организацијата има за цел да воспостави контрола на северот од Сирија, долж границата со Турција, со што сака да отцепи делови од двете земји. Со повремена поддршка од страна на силите на режимот на Асад и постојаната поддршка од страна на САД, организацијата започна брзо да се шири.
Откако ДАЕШ се повлече од северните делови, ПЈД/ПКК започна да ги контролира и подрачјата со арапско население.
Организацијата во јануари минатата година од ДАЕШ го презеде Кобани, додека Тел Абјад го освои во средината на јуни.
Долг период дневната агенда на западниот свет беше фокусирана врз Кобани и неговата околина. Надвор од овие рамки, западно, јужно и источно, контролата ја има арапското население.
Тел Абјад, кој го сочинуваат претежно радикални арапски племиња, е подрајче во кое се наоѓаат и села со мнозинско туркменско население. Бидејќи во оваа подрајче не живее курдско население, својата лоша позиција ПЈД/ПКК се обидува да ја надополни со поткупување на одредени мали арапски групи со пари и оружје. Организацијата, особено во јужниот дел во кој се наоѓаат туркменсктие села, отвара оган напразно, за да влее страв и да направи етничко чистење. Овие методи на организацијата се наоѓаат и во извештајот на меѓународните организации за човечки права.
Освојувајќи ги Тел Абјад и Кобани, организацијата пристигна до брегот на Еуфрат и имаше за цел да премине на западниот дел од реката.
ПЈД/ПКК, почнувајќи од минатиот месец мај започна да преминува на западниот брег на Еуфрат, на 12 август 2016 година, со помош на интензивните бомбардирања од страна на САД успеа да го заземе и градот Мунбич, кој е составен од арапско и туркменско население.
Организацијата, генерално на териротијата на Сирија, се обидува да се скрие зад „Сириските демократски сили“ и „Регионалниот воен совет“ кои се составени од различни етнички групи.
ПЈД/ПКК во подрачјата каде што нема курдско население, за да ја задржи својата доминација во регионот, шири пропаганда преку параванот за „заедничка волја на различни етички групи”.