Mohamad Misto,Selen Temizer
28 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
ХАСАКА (АА) - САД ја зголеми својата помош за ПЈД во Сирија, која е продолжеток на терористичката организација ПКК во Сирија. Официјалните претставници на САД, и покрај тоа што даваа спротивни изјави, во последните две недели врши интензивно снабдување со оружје на терористичката организација од воздух и копно во подрачјето на Хасака, кое е под нивна контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако официјалните претставици на САД се бранат дека на елементите на ПЈД/ПКК во Сирија не им дава никаква воена помош, на теренот има големи активности.
Амбасадорот на САД во Анкара Џон Р. Бас во едно интервју од минатата недела изјави: „Ние не и даваме директна поддршка на ПЈД, оружје, муниција”.
Но според информациите до кои дојде дописникот на АА во Хасака, истата вечер по изјавата на американскиот амбасадор, во воената база Румејлан слетал воен карго авион. Товарот од авионот со хеликоптери бил префрлен во различни подрачја.
Слично нешто се случи и на 7 април, кога амбасадорот Бас имаше изјавено дека САД не и дава воена помош на организацијата, по што веќе утредента воените хеликоптери на САД од воената база Румејлан трансферираа големи воени пратки за елементите на ПЈД/ПКК.
- Најголем трансфер последните две недели
Дописниците на АА кои се наоѓаат во подрачјето се сретнале со локално лице кое било одговорно за испораките кое сакало да остане анонимно. Лицето изјавило дека САД и на 13 декември испорачало воена помош за организацијата, додека синоќешната испорака е најголема во последните 2 недели. Според тоа, по слетувањето на американските воените карко авиони во базата Румејлан, десетици транспортни камиони со прекриени кровови ја преминале ирачката граница и пристигнале до позициите на ПЈД/ПКК во подрачјето. Според информациите до кои дописникот на АА дојде од други извори, дел од транспортните камиони биле видени на граничниот премин Камишли.
- Бази на ПЈД/ПКК во подрачјето
Во октомври 2015 година САД на североистокот од Хасака, во подрачјето на Румејлан, и во март оваа година јужно од селто Хараб Ишк формираше воени бази. Румејлан е база во која можат дда слетаат и карго авиони, додека во базата Харб Ишк засега можат да го користат само воени хеликоптери.
ПЈД/ПКК планира дда воспостави контрола врз територијата која се протега од североистокот на Сирија кај градот Хасака па се до сириската област која се наоѓа спроти турскиот град Хатај.
Турција постојано повторува дека нема да дозволи воспоставување на „терористички коридор” во тој предел.
Во врска со странската помош на терористичката организација, претседателот на Турција Ердоган вчера изјави: „(Операција Штитот на Еуфрат) Што велеа коалициските сили на почетокот, 'Ќе се бориме со сите сили до крај против терористичката организација ДЕАШ'. Дури нѐ обвинуваа нас дека и даваме поддршка на ДЕАШ. Сега сите од таму се изгубија. Токму спротивното, тие им даваат поддршка на терористишките организации ЈПГ, ПЈД, вклучувајќи го и ДЕАШ.”