Satuk Buğra Kutlugün
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Руската амбасада во Дамаск денес беше цел на две гранатирања, соопштено е од руското Министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека првата граната паднала во внатрешниот двор на комплексот на амбасадата во 13:00 часот по локално време (1000GMT), додека втората паднала во близина на зградата на амбасадата во 13:00 по локално време (1019GMT).
Во соопштението се додава дека гранатата што паднала во внатрешниот двор на амбасадата не експлодирала.
Руското Министерство за надворешни работи го окарактеризира инцидентот како „провокација на екстремистите кои не сакаат мир во Сирија".
Ова не е првпат амбасадата да е цел на гранатирања. На 28 октомври, две минофрлачки гранати го погодија комплексот на амбасадата.