Mustafa Güçlü
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ШАНЛИУРФА / РАКА (АА) - На зграда во сирискиот град Тел Абјад, во подрачјето на Рака, во која се наоѓаат голем број на милитанти – членови на терористичката организација ПЈД/ПКК, сѐ уште можат да се забележат знамиња на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
На три позиции во подрачјето Мумбатих, близу градот Тел Абјад, контролиран од ПЈД која е продолжетокот на терористичката организација ПКК во Сирија, и денеска од градот Акчакале можат да се забележат знамиња на САД поставени вчера.
Вниманието го привлекува и поставеното знаме на САД на зградата на царината во градот Тел Абјад.
На 2 септември, на западниот брег од реката Еуфрат, во подрачјето на градот Мунбич, милитанти на терористичката организација ПЈД/ПКК околу селото Рафи поставиле голем број американски знамиња.
Од локални извори се дознава дека терористите ги користат американските знамиња како „штит“.