Halit Süleyman
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
АЛ РАКА (АА) - Најмалку десет лица загинаа, а 35 се повредени во нападот кој го изведе сириската војска со касетни авио бомби врз едно населено место во Ал Рака, јавува Anadolu Agency (AA).
Воздухопловните воени сили лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад изведоа жестоки воздушни напади во населени места во подрачјето на Ал Tабка во покраината Ал Рака, која е под контрола на терористите ДАЕШ.
Неименуван локален извор јавува дека во нападите се користат касетни бомби и дека притоа загинаа најмалку десет, а се повредени 35 лица. Настраданите се главно цивили меѓу кои поголем број жени и деца.
Употребата на разорните касетни или распрскувачки бомби е забрането со Конвенција на Обединетите нации која беше потпишана и ратификувана од страна на над 100 членки на организацијата. Сириската војска често го користи овој тип на проектили, што наиде на осуда од организациите за заштита на човековите права и почитување на меѓународното право и норми.