Ekip
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Според информации добиени од војниците кои се на терен, во подрачјата на градовите Тугла, Чаталџа, Согуксу, Ѓувенли, Ердемли, во провинцијата Хаќари, во рамките на операцијата „Водник Мекан Шахин“, извршено е гранатирање од страна на артилериските единици на далечните ридови во кои избегале терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во операцијата, во подрачјето Ѓол Тепе неутрализирани се двајца, додека во Сијах Тепе се неутрализирани тројца, вкупно петмина терористи.
Се дознава дека меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и убиецот на пратеникот на АК партијата Ахмет Будак, член на терористичката организација.
- Во Ширнак е запленета муниција
Во операцијата која била изведена во подрачјето на градот Бејтушебап, запленета е муниција кој им припаѓала на терористите на ПКК.
Од безбедносни извори се дознава дека во операциите кои ги спровеле екипите од командата на обласната жандармерија, во скривница пронашле еден калашников, три шаржери, 150 куршуми, рачна бомба и рачно изработени експлозивни направи кои им припаѓале на терористите.
Во областа продолжува операцијата за пронаоѓање и фаќање на терористите.