Ahmet Özler
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
КАРАБУК (АА) - АХМЕТ ОЗЛЕР - Во провинцијата Карабук, во близина на градот Сафранболу, кој во светот е познат по своите историските куќи кои се наоѓаат на светската листата на УНЕСКО за културно наследство, поставена е стаклена тераса над кањон, која во првите 9 месеци оваа година ја посетија околу 300.000 посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Инспирирани од терасата поставена во Аризона, САД, во кањонот Инџекаја во 2012 гоина, на висина од 80 метри поставена е стаклена тераса со должина од 11 метри и тежина од 75 тони. Тоа е прва тераса од ваков вид изградена во Турција, за која голем интерес покажуваат и турските и посетителите од странство.
Посетата на терасата чини 1 евро.
- „Место со најголем број на туристи во западниопт дел на Црното Море во Турција“
Претседателот на управиот одбор на фирмата која раководи со објектот Нуретин Бахчеџи за АА изјави дека терасата е светлечка ѕвезда на Црното Море и секој турист кој доаѓа на тоа подрачје, ја посетува терасата.
Терасата се наоѓа во делот каде се соединуваат три кањона. Бахчеџи рече дека најголем број на туристи доаѓаат од далечниот Исток. „Во последно време имаме интерес и од туристите кои ни доаѓаат од арапскиот свет. Ние сме една о најпосетените туристички места во западниот дел на Црното Море. Можеме да кажеме дека стаклената тераса е едно од најфотографираните места во Турција. Нашите посетители се многу задоволни“, рече Бахчеџи.
Бахчеџи истакна дека со задоволство ги пречекуваат и домашните и странски гости.
„Ние терасата ја земавме да ја разработуваме на тендер. Претходно таа имаше околу 60.000 посетители годишно. Од 1-ви октомври досега бројот на посетители на терасата е над 300.000. Сезоната сѐ уште не е завршена“, изјави Бахчеџи.
Бахчеџи рече дека нивна цел е до крајот на годината да ја достигнат бројката од 500 до 600 илјади посетители, кој додаде дека и покрај пречките кои се појавија, задоволни се од бројот на посетители.
- Цел е посета од еден милион туристи
Градоначалникот на Сафранболу Неџдет Аксој истакна дека стаклената тераса дава голем допринос за развојот на туризмот.
За секојдневното зголемување на бројот на туристи во Сафранболу, градоначалникот Аксој рече:
„Во рамките на основниот план, работиме на развојот на туризмот во општината. Наша цел е годишно да ја надминеме бројката од еден милион туристи. Заедно со екскурзиите кои се прават, годишно не посетуваат околу 750 илјади домашни и странски посетители. Во оваа бројка свој голем удел има стаклената тераса. Секој посетител на нашата општина сигурно доаѓа ја ја посети и терасата. Покрај историските споменици, секојдневно се зголемува и интересот за природното богатство на општината Сафранболу“.