АНКАРА (АА) – МОХАМАД МИСТО – Висок функционер на „Сириските демократски сили“ (СДС) Абдулкерим ел-Убејд, кој се одвои од оваа организација, вели дека таа е поддржана од страна на САД, и се состои од ПЈД/ПКК, а дека СДС се користи како маска, јавува Anadolu Agency (AA).
ПЈД, која е продолжената рака на сепаратистичката терористичка организација ПКК, им вети на малите групи арапски сили дека ќе го сподели оружјето што САД им го испраќа, и ги соедини под Сириски демократски сили (СДС) од 12 октомври 2015 година.
Инвестициите на САД во Сириските демократски сили (СДС), чие раководство во целост е составено од ПЈД/ПКК, се зголемија брзо, и ПЈД/ПКК ја зазедоа целата територија долж границата на Сирија со Турција, поминувајќи на западниот бред од Еуфрат.
За да може да се прошири и на териториите на кои живее арапско население, ПЈД/ПКК продолжува да ја користи маската на „СДС“.
Aрапскиот командант Убејд, кој бил висок функционер на СДС, немал право на збор во механизмот за донесување одлука. Во неговата изјава за новинарот на АА, со услов неговата локацијата да остане скриена, објасни дека СДС всушност во целост е под контрола на ПЈД/ПКК.
До пред 20-тина дена Убејд бил член на единиците на бригадата Ет-Тахрир, кои биле во составот на Сириските демократски сили. Кога тие посакале сопствената арапска земја да ја контролираат сами, се соочиле со голем притисок на милитантите на ПЈД/ПКК.
Убејд, кој по овие притисоци се одделил од групата, изјави:
„ПКК ја има контролата преку СДС; одлуките ги даваат тие. Всушност, групите во редовите на СДС фигурираат само како име. ПКК не го контролира само СДС, под нивна контрола е и ПЈД. ПКК се крие зад Сириските демократски сили за да може со леснотија да ги спроведе своите сепаратистички планови и да добие легимитет над освоените територии“.
Убејд истакна дека Шахин Џулу, кој е команддант на СДС, всушност е еден од високите команданти на ПКК. За финансиските извори и магацините со оружје коишто се прикажуваат дека припаѓаат на СДС, Убејд рече дека во целост се под раководство на ПКК, додека останатите небитни точки им се дадени на другите единици од организацијата. Како пример, Убејд го наведе случајот со групата која наводно е составена од туркменски борци, а во која освен името, бригада Селчук, нема ниту еден Туркменец.
Тој посочи кон лидерот на оваа група, Талал Силу, кој и покрај тоа што е портпарол на Сириските демократски сили, не кажува ниту еден збор без да ги праша ПЈД/ПКК.
- ПЈД/ПКК ги проголта арапските сили -
Убејд изјави дека групите „Силите на Ес-Санадид“ и „Бригадите Ет-Тахрир“ се поставени во втор план и под образложение дека е потребно да помогнат во борбата со терористичката организација ДАЕШ, избркани се од сопствената територија.
„Командантите на СДС беа многу вознемирени откако ја видоа поддршката што Бригадите Тахрир, која е една од силите-основачи на Сириските демократски сили, ја добија кај Тел ел-Абјад. Со цел да се воспостави рамнотежа, направија притисок врз нас за формирање на една арапска група зад која би се криеле тие. Затоа бев принуден да се повлечам“, рече Убејд. Тој изјави дека во составот на СДС делува и Џејшул Сувар (револуционерна армија).
- Целта е „Голем Курдистан“ -
Убејд рече дека командантите на ПКК, кои се прикажуваат како СДС, планираат по формирањето етничко раководство во Сирија, да се насочат кон Турција.
„Нивниот план е на северот од земјата, со формирањето кантони во почетокот да го изградат Сириски Курдистан, и по воспоставувањето стабилност во Сирија, да се насочат кон Турција за да го спроведат во реалност својот проект за Голем Курдистан“, рече Убејд.
Убејд раскажа дека голем број млади момци се регрутирани од подрачјата на кои живеат Курдите и со цел да се обучат за ракување со оружје, се испраќани во планинските предели на Турција.
- Со кантоните раководи Кандил -
Убејд изјави дека зад современата влада којашто раководи со кантоните со кои се фали ПЈД, стојат имиња од кадарот на ПКК кои се дојдени од планината Кандил.
„Еден од таквите примери е лицето Каразан, кој раководи со кантонот Хасеки, а кој е дел од кадарот на ПКК. Поголем дел од подрачјата што ги контролира ПЈД не се курдски подрачја. Голем број курдски семејства се вознемирени поради фактот што со нив раководат луѓе дојдени од Кандил, а кои поради проектите на организацијата се виновници за смртта на нивните деца“, рече Убејд.
- Сириските демократски сили се под раководство на САД -
„САД се информирани за сѐ што се случува во СДС и тие раководат со СДС“, истакна Убејд и додаде: „Единственото недоразбирање меѓу двете страни настана околу Мунбич. САД планираше да биде нападната Рака, која е под контрола на ДАЕШ, додека лидерите на ПКК инсистираа да биде нападнат Мунбич“.
Покрај тоа, Убејд со дописникот на Anadolu Agency ги сподели и информациите дека раководството на САД, со цел да ја убеди Турција дека операциите не ги извршува ПЈД, туку локалното население, од командантите на СДС побарала во операцијата врз Мунбич да бидат употребени арапски елементи.
За постоењето на ПЈД/ПКК на западниот брег од Еуфрат, Убејд го кажа следното:
„Информациите дека силите на ПЈД од Мунбич се повлекле источно од реката Еуфрат се неточни. Овие сили сѐ уште се наоѓаат во центарот на градот. Мал е бројот на арапските единици што се приклучија во борбите и тие се наоѓаат на периферијата од градот“.
- Депортација на Арапите -
Убејд, командантот на Ет-Тахрир, за политиката што ПЈД/ПКК ја води кон Арапите криејќи се зад Сириските демократски сили (СДС), го рече следното:
„Се случуваат нарушувања во подрачјата што се под контола на ПЈД. На тие места Арапите се изложени на депортација, каква што досега не е видена во светот. Депортиран е народот од сите рурални подрачја околу Рака и Хасеки. Во подрачјето беше воспоставена трговија со украдената стока“.