Onur Usta
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Во рамките на истрагата поврзана со терористичкиот напад изведен во јули, во Ница, приведени се 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во акциите спроведени во Ница, Сен Лорен ду Вар и Кан-сур-Меру, приведени се 8 лица кои се доведуваат во врска со напаѓачот со потекло од Тунис, Мохамед Л. Булел
Против приведените лица кои се француски и туниски државјани, започната е истрага за „учество во убиство и поврзаност со терористичка организација“.
Доказниот материјал против приведените се состои од фотографии направени со напаѓачот и пораки испратени на Булел пред нападот.
Во нападот извршен на 14 јули, во Ница, загинаа 84 лица, а околу 200 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ, а напаѓачот Мохамед Л. Булел беше усмртен од страна на полицијата. По тој напад, во Франција е прогласена вонредна состојба.