Ferdi Türkten,Hande İlbeyi Canca
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Според соопштението од страна на Турските вооружени сили (ТВС) операцијата „Штитот на Еуфрат“ продолжува во својот 53. ден, од нејзиното започнување на 24 август 2016 година, со цел елиминирање на заканите од ДЕАШ и другите терористички организации, за зголемување на граничната безбедност како и за давање поддршка на коалициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозициските сили започнаа силна офанзива за преземање на населените места во Tашлихујук, источно од Раи, во северна Сирија, но поради силниот отпор на терористичката организација ДЕАШ не успеајa да регистрираат одреден напредок во оваа насока. Во вчерашните борби беа повредени 4 припадници на опозициските сили. Силите за поддршка немаат претрпено штети и загуба на човечки животи.
Опозициските сили продолжуваат да ја чуваат безбедноста на 134 населени места коишто се наоѓаат во простор од 1.110 километри квадратни, заземен уште од почетокот на операцијата. Со лоцирањето и идентификувањето на целите преку разузнавачките служби и надзор, нападнати се 80 цели на ДЕАШ, во чија целосна неутрализација од страна на Слободната Сириска Армија поддршка дале и ТВС.
Од страна на воените авиони на турските воздухопловни сили беа нападнати два објекта во Миркане, Ташлихујук и Тилели, коишто се употребувале како централни канцеларии, три објекти којшто се употребувале како магацини за оружје, како и различни засолништа.
Неутрализирани се вкупно 1.156 рачно изработени експолозиви.
Во воздушниот напад на колалициските сили против припадниците на ДЕАШ во Дабик, уништен е еден рачно изработен експлозив.
Исто така, во исчистените области од ДЕАШ од страна на тимовите за откривање и уништување на експлозивни материјали, којшто им помагат на опозициските сили, со контролирани експлозии беа уништени 4 рачно изработени експлозивни направи. Од почетокот на операцијата досега вкупно се уништени 28 мини и 1.156 рачно изработени експлозиви.