Barış Gündoğan
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
РИЗЕ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Ризе, во северниот дел на Турција, во врска со терористичката организација ФЕТО истакна дека ќе се навлезе во секоја пора на нивното постоење, јавува Anadolu Agency (AA).
„Рековме дека ќе им влеземе во секоја пора, тие ќе бегаат, но ние ќе ги следиме", и додаде дека припадниците на терористичката организација ФЕТО кои избегале од Турција нема веќе да бидат сметани за државјани на Турција. На лидерот на терористичката ФЕТО, Фетула Ѓулен, Ердоган му порача да се врати во Турција.
„Ако кај тебе има трошка храброст, врати се во својата земја. Немој да се криеш во Америка. Дојди овде, овде да ти се суди“, порача Ердоган додавајќи дека (лидерот на ФЕТО) не може да дојде затоа што кукавиците се познати по бегањето.
Во своето обраќање претседателот Ердоган се осврна и на борбата против терористичката организација ДЕАШ, напоменувајќи дека нема да се дозволи Мосул да се остави на ДЕАШ или на некоја друга терористичка организација.
Ердоган потсетувајќи на денешниот состанок што се одржува во швајцарскиот град Лозана, истакна дека турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, со претставниците на коалициските сили ќе разговара за надминувањето на кризата во Сирија.
„Денеска во Лозана министерот за надворешни работи со коалициските сили ќе дадат предлог. Ние сме таму заедно со коалициските сили да се бориме против терористичката организација ДЕАШ и другите терористички организации. А пак во врска со базата во Башика, никој ништо да не зборува. Оваа база таму и ќе остане, затоа што истовремено Башика е покритие за евентуални терористички напади врз Турција“, додаде Ердоган.
Тој, во однос на операцијата „Штитот на Еуфрат“ рече: „Влеговме во Џараблус, потоа во Ел Раи. Сега напредуваме. Напредуваме кон Дабик, таму ќе прогласиме безбедносна зона од 5.000 километри квадратни која што ќе биде исчистена од теророт“.
„Ние немаме никакви тенденции кон ничија земја, но во нашата земја има 3 милиони бегалци. Ним ќе им подготвиме место за да се вратат во својот дом. Да им подготвиме место, да можат да се вратат во својата земја, да им овозможиме на безбеден начин да стигнат таму“.