Süleyman Elçin
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Во Турција, во рамките на истрагата за експлозијата во Анталија приведени се 25 членови на терористичката организација ПКК/КЦК, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи во петокот на патниот правец Анталија-Кемер, по што Одделот за борба против тероризмот на полициската управа во Анталија покрена истрага.
Акцијата истовремено се спроведуваше во градовите Дијабакир, Батман, Ширнак, Маниса, Анкара и Истанбул.
По земањето на искази, приведените лица ќе бидат предадени на надлежните судски органи.
Во експлозијата којашто се случи рибарско пристаниште, немаше загинати ниту повредени. Причинета е штета на контејнерот на рибарската компанија.