Can Erözden
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Воздушните напади на коалициските сили предводени од САД неутрализираа седум теористи на ДЕАШ во северните сириски градови Аршак и Дабик додека турските воени авиони погодија повеќе цели на ДЕАШ во истата област денес, изјави воен извор за Anadolu Agency (АА).
Турските воени авиони уништија две одбрамбени позиции на ДЕАШ, три командни и контролни позиции, и предавателна антена како дел од тековната Операција Штитот на Еуфрат, велат изворите, зборувајќи под услов на анонимност.
Покрај тоа, коалициските сили уништија уште две одбрамбени позиции на терористичката организација.
Турската операција „Штитот на Еуфрат“ е започната на 24 август со цел зајакнување на граничната безбедност, поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканите од страна на терористичките организации, особено ДАЕШ.
Операцијата е во согласност со правото на земјата на самоодбрана кое произлегува од меѓународните договори и од мандатот даден на турските вооружени сили од турскиот Парламент во 2014 година, кое беше продолжено за уште една година во септември 2015.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.