Ekipa
24 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
МОСУЛ (АА) - Во акција на ирачките безбедносни сили организирана во пустинското подрачје на Мосул, убиени се 17 припадници на ДЕАШ, а 33 се приведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот на Војската, Ахмед ес Шувели, изјави дека акцијата против ДЕАШ е организирана во подрачјето на Ел Хадр. Додаде и дека во судирите меѓу војниците и милитантите убиени се двајца војници.
Истакнато е и дека сите милитанти убиени или заробени во текот на акцијата се ирачки државјани, припадници на терористичката организација, а избегале во Сирија во текот на акцијата за ослободување на Мосул покрената минатата година.
Ирачките сили во јули 2017 година го ослободија Мосул, кој три години беше под контрола на ДЕАШ.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во декември 2017 година изјави дека завршило военото присуство на ДЕАШ, кое во оваа земја траело три години. Сепак, познато е дека и понатаму се присутни одделни пасивни ќелии на ДЕАШ.